Утрински Весник
Скопје

Општина Чаир изразува сочувство по повод смртта на Владо Јаневски

Opstina Cair.jpeg

Општина Чаир изразува најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и до целата нација по повод смртта на маестро Владо Јаневски, еден од најголемите имиња на македонската музика, чие творештво остави неизбришлива трага во музичката култура и во сеќавањата на многу генерации.

Во знак на почит кон неговиот уметнички придонес и неговата посебна поврзаност со Чаир, Советот на Општина Чаир ќе преземе институционални мерки за трајно одбележување на ликот и делото на маестро Владо Јаневски, велат од општината.


Можете да прочитате

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Собрани 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад