Утрински Весник
Спорт

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник

20260626155529 big 730x400 3.webp.webp

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа го прогласи денешниот ден за национален празник откако фудбалската репрезентација на оваа јужноамериканска држава ја победи Германија со 2-1 во четвртокот и се пласираше во нокаут фазата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„Благодарност до играчите и селекторот, кои, и покрај критиките, навредите и тешките моменти, успеаја да се опорават и да се пласираат понатаму. Ова донесе радост за целата земја“, објави еквадорскиот претседател на социјалната мрежа Икс.


По поразот од Брегот на Слоновата Коска и ремито со Курасао, на играчите на Еквадор им беше потребна победа против Германија, која од претходно го имаше обезбедено првото место во Групата Г. Натпреварот започна лошо за Еквадор, бидејќи Сане ја доведе Германија во водство во втората минута. Сепак, само седум минути подоцна, Еквадор го израмни резултатот на 1-1 по голот на Ангуло. Победничкиот гол за Еквадор го постигна Плата во 77. минута.

Ова е само втор пат Еквадор да стигне до нокаут фазата на Светското првенство, првиот пат кога успеаја да го сторат тоа беше на Светското првенство во 2006 година во Германија, кога стигнаа до осминафиналето.

Можете да прочитате

Нови шест натпревари на Мундијалот

РК Вардар во четвртиот „шешир“ во извлекувањето на групите од ЛШ

Бразил против Јапонија, БиХ против САД, познати уште три пара во нокаут фазата на Мундијалот