
Либерално-демократската партија (ЛДП) не даде поддршка на предложениот Закон за високата раководна служба, затоа што наместо вистинска реформа, тој нуди само привидна професионализација, велат од партијата.
Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, смета дека со негласањето на овој, закон Владата ја пропушти можноста да покаже дека навистина државата е пред партијата, а професионалноста пред политичката определба.
Власта зборува за мерит-систем, а во исто време си го задржува последниот збор при изборот на високите раководители. Ако навистина се избира најдобриот кандидат, тогаш нема логика Владата да избира од листа на тројца. Тоа не е департизација, туку политичката дискреција добива нова законска форма. Дополнително, законот предвидува најважните критериуми и компетенции за високите раководители да ги утврдува Владата со уредба, наместо тие да бидат јасно пропишани со закон. Така, секоја идна влада ќе може да ги менува правилата според сопствени потреби.
Иако условите се подобрени во однос на постојната состојба, сепак истите и понатаму не се доволни за раководење со институции што управуваат со милионски буџети и носат клучни одлуки за граѓаните. Имено и од сегашните, но повторно не се доволни. За да се раководи со институции кои управуваат со огромни буџети, стотици вработени и носат важни одлуки за граѓаните, се бараат само пет години работно искуство и две години раководно искуство или управување со проекти. Но, водење проект не е исто што и раководење со сложена државна институција. Дополнително, законот не утврдува јасни критериуми што значи „соодветно искуство”, оставајќи простор за различни толкувања. Истовремено, не гледаме оправдување професионалните раководители да бидат ограничени со фиксен мандат. Професионалецот треба да го задржи своето место додека работи законито, стручно и успешно, а не додека му трае мандатот.
„На Македонија не ѝ треба козметичка реформа, туку храбар систем во кој политиката ќе ги креира политиките, а професионалците независно ќе ги спроведуваат. Сè додека Владата го има последниот збор, не можеме да зборуваме за вистинска департизација, туку само за подобро регулирана партиска контрола”, изјави претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, за потребата од вистинска реформа на високата административна служба.

