Утрински Весник
Свет

Италија од руските олигарси заплени милијарди евра, јахти и авиони

Policija italija.webp.webp

Италија заплени имот вреден околу две милијарди евра од руските олигарси како дел од санкциите воведени по инвазијата на Москва во Украина во 2022 година, соопшти денеска италијанската финансиска полиција (GDF).

Конфискуваниот имот вклучува недвижен имот, автомобили, јахти, уметнички дела и акции во компании, се наведува во извештајот на финансиската полиција објавен по повод одбележување 252 години постоење.


Исто така, италијанската финансиска полиција соопшти дека открила измама со италијанско и ЕУ финансирање во износ поголем од 1,6 милијарди евра меѓу јануари 2025 година и мај годинава.

Можете да прочитате

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали