Утрински Весник
Економија

Најмногу средства од ребалансот на Буџетот за министерствата за животна средина и за транспорт

20251007162307 big 730x400 21.webp.webp

Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди најмногу средства за капитални расходи, односно 2,3 милијарди денари со ребалансот на Буџетот. Веднаш по него е Министерството за транспорт со 1,4 милијарди денари, информира денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Образложувајќи го ребалансот на Буџетот за 2026 година, што беше усвоен на денешната Владина седница, таа појасни дека за Министерство за образование и наука се обезбедени 426 милиони денари, а дополнителни средства има и за Министерството за здравство и Државната изборна комисија околу 200 милиони денари за инвестиции.


– Најмногу дополнителни средства, односно 2,3 милијарди денари има обезбедено за Министерството за животна средина и просторно планирање. Од кои, речиси една милијарда проширивме буџет од нивните сопствени сметки, дел се од кредити, и она што го направивме како зголемување од буџетска сметка, тоа што во суштина, нели, ни е исто така големо оптоварување, се некаде околу 300 милиони денари. ​Следно министерство коешто исто така имаше зголемување на капиталните расходи е Министерството за транспорт, таму знаете и реализацијата на почетокот на годината беше огромна, па така речиси и да немаат веќе средства на ставката за капитални расходи, истакна министерката.

Во однос на јавниот долг, додаде, констатирале дека ќе биде под 60 проценти.

– Тоа го очекуваме и понатаму затоа што во овој момент согласно реализацијата на номиналниот БДП, сите податоци укажуваат на тоа дека ќе биде и повеќе од тоа што ние го проектиравме. Значи, ние секогаш одиме со попесимистичка проекција на номиналниот БДП од тоа што е, но бројките покажуваат дека ќе имаме тука повисок раст од тоа што го гледаме, а јавниот долг се гледа во однос на номиналниот БДП, појасни Димитриеска Кочоска. 

Можете да прочитате

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година, обезбедени повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии

Мицкоски за вчерашната средба со претставниците на ланци на маркети: Се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти

Државата си пишува закон за сопствен профит, ќе интервенира ли Уставниот суд?