Утрински Весник
Скопје

Улицата „8 Март” во Дебар Маало добива мини пјацета со ново зеленило, инклузивен пристап и урбана опрема

Download.jpeg

Општина Центар ги започна градежните активности за реконструкција на дел од улицата „8 Март” во Дебар Маало, со која е предвидено формирање  мини пјацета на површина од околу 140 квадратни метри. Новото урбано катче ќе биде поплочено со травертин, материјал кој обезбедува висок квалитет, издржливост и современ естетски изглед.

На локацијата е предвидено поставување урбана опрема, современо осветлување и ново зеленило. На влезната точка која води кон уличката ќе биде изведена и пристапна рампа, со што ќе се овозможи непречено и безбедно движење за лицата со попреченост, како и за сите граѓани кои користат помагала за движење.


„ Во план е поставување на повеќе мини паркови и пјацети низ општината. Целта е да  го зголемиме зеленилото  и да создадеме пријатни катчиња за одмор и рекреација.  По уредувањето на улицата „8 Март”, планираме нови маалски пјацети на улиците „Коста Веселинов”, „Коле Неделковски” и „Христо Смирненски”, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Паралелно со овој проект, Општина Центар продолжува си  хортикултурното уредување на потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија”, реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова” и улицата „Мирослав Крлежа”.

Можете да прочитате

Општина Гази Баба најави повеќе од 60 проекти за ова лето

Перински од Петровец: Покрај финансиска, општините добиваат и стручна поддршка

Заедничка соработка за зајакнување на предучилишното образование во Карпош