Утрински Весник
Македонија

Топло утро во Македонија, попладне ќе имаме локален пороен дожд и невреме

Meteoalarm.mk 38.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денешното утро понеделник, 22 јуни во Македонија ни донесе ведро и топло време со високи утрински температури на воздухот. Најтопло ова утро е на Скопје Петровец и на Скопје Зајчев Рид со измерена температура од 21 степен.


Најниска температура ова утро е измерена во Берово, и тоа 10 степени.

Денес попладне и рано навечер локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења  и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион денес попладне  и рано навечер ќе има услови за развој на вакви конвективни грмотевични облачни јадра од кои може да има краткотрајни но поројни врнежи од дожд проследени со грмежи и со засилен ветер, но и со услови за ретка појава на град.

Истанува топло и денес со максимални температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, а во Скопје  и околината температурата денес ќе се искачи до околу 35 степени.

Можете да прочитате

Се славеше независност на Македонија, а знамето погрешно!

Прво целосно помрачување на Сонцето во Европа по 27 години – еве што ќе се гледа од Македонија

Шест малолетници меѓу 21 приведен за безобѕирно возење во Скопје