Утрински Весник
Македонија

Повреден пожарникар при гаснење пожар во Визбегово

Pozarnikari Skopje.jpg

Центар за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.

-Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – посочуваат од ЦУК.


Воедно, потенцираат дека причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Како што нагласуваат, според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок. 

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Шумската мафија заработува огромни пари, без корупција во институциите овој криминал не може да опстои

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик