Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладнe можен краткотраен пороен дожд

Vreme7.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),  до средината на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Можете да прочитате

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда

Август 2026 екстремно топол и со 67 отсто помалку врнежи од просекот

Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата