Утрински Весник
Македонија

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Saveski 1.webp.webp

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека телефонскиот разговор со премиерот во врска со предметот „Мазут“ не го доживеал како притисок, оценувајќи дека станува збор за интерес што произлегува од институционалната улога на Владата.

Во интервју за Телма, Савески нагласи дека на секој повик одговара и дека во конкретниот разговор не било побарано од него да дава извештаи или детали за предметот.


Тој појасни дека интересот на премиерот го поврзува со фактот што државната енергетска компанија ЕСМ е правно лице во државна сопственост, па како таква може да има интерес за исходот на постапката.

Савески додаде дека во комуникацијата не почувствувал елемент што би укажувал на притисок врз обвинителската работа, оценувајќи дека станува збор за „природна реакција“ на функционер кој има интерес за прашање поврзано со државен капитал.

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено на Шар Планина – интервенирал хеликоптер

Тага во Битола: Ивана загина на патот Битола–Прилеп, нејзината гимназија се прости со емотивна порака

Стефанија Кузмановска е нова претседателка на СДММ