Утрински Весник
Македонија

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, а песимизмот ја поткопува демократијата

Img 7379.jpeg

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски оцени дека македонското општество се наоѓа во состојба на сериозна дезориентираност и намалена доверба во иднината, што, според него, претставува една од најголемите пречки за развојот на демократските процеси.

Гостувајќи во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ, Ордановски истакна дека демократијата тешко може да се гради во атмосфера на песимизам и општествена апатија.


„Македонското општество е прилично дезориентирано, опадната е вербата во иднината, а да градите демократија со песимизам е еден од клучните проблеми“, изјави Ордановски.

Тој нагласи дека, иако денес јавноста има пристап до голем број информации, дел од најважните процеси остануваат надвор од вниманието на граѓаните.

Според Ордановски, политичките теми речиси целосно го окупираат медиумскиот простор, поради што значајни општествени прашања и процеси остануваат во втор план.

Аналитичарот оцени дека медиумите во најголема мера се насочени кон секојдневните политички конфликти, што резултира со постојано повторување на истите теми и ограничен простор за отворање пошироки дебати за прашања кои директно влијаат врз животот на граѓаните.

Можете да прочитате

Газда Деко понудил имот вреден 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

ЛДП: Владата транспарентно да објави сѐ за мисијата на Фетаи во Брисел

31-годишен Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа во Италија