Утрински Весник
Македонија

Јавна расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

1000014479.jpg

Денес во Собранието се одржа јавна расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, со активно учество на експерти, претставници на судската и јавнообвинителската служба, институции, синдикати и други засегнати страни.

На расправата беа разгледани предложените законски решенија и клучните измени насочени кон унапредување на статусот на судските и јавнообвинителските службеници, воспоставување поефикасен систем за вработување и напредување, зајакнување на професионалноста и независноста на службите, како и обезбедување подобри услови за работа и кариерен развој.


Предложените решенија се резултат на континуирана координација и усогласување со сите надлежни институции. Предлог-законите се целосно усогласени со Министерството за финансии, Министерството за јавна администрација и Секретаријатот за законодавство, при што се земени предвид нивните забелешки и предлози со цел обезбедување квалитетни, применливи и финансиски одржливи законски решенија.

Учесниците имаа можност да ги споделат своите мислења, предлози и забелешки, со цел создавање квалитетни законски решенија што ќе придонесат за поефикасна судска и јавнообвинителска служба и поквалитетни услуги за граѓаните.

Отворениот дијалог и вклученоста на стручната јавност се клучни за градење силен, професионален и независен правосуден систем.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело – повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење

АМСМ: За влез на Табановце се чека над еден час, за излез на Богородица околу 15 минути

Неколку предизвици на патот кон Европската Унија на Македонија