
Претседателот на Русија, Владимир Путин не доби официјална покана од украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Самитот на Г7, изјави портпаролот на Кремљ.
-Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва, изјави Дмитриј Песков, притоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори.
Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за мировни разговори за украинското прашање.
Песков навести дека Виткоф и Кушнер би можеле да пристигнат во Москва по потпишувањето на меморандум за прекин на непријателствата меѓу САД и Иран.
Зеленски претходно изјави дека понудил средба со рускиот претседател за време на самитот на Г7 во Франција, но Путин одбил.


