Утрински Весник
Спорт

ФИФА ќе му го исплати целиот хонорар на сомалискиот судија

20260614152200 big 730x400 30.webp.webp

Сомалискиот фудбалски судија Омар Артан, кому му беше одбиен влез во САД каде требаше да суди на Светското првенство, сепак, ќе биде целосно исплатен за турнирот.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе му го исплати целиот хонорар на Артан, а судиите не го знаат точниот износ, бидејќи плаќањето се врши по завршување на натпреварот, објави денеска Би-Би-Си.


Артан беше испрашуван од американските имиграциски власти 11 часа на меѓународниот аеродром во Мајами во понеделникот, по што му беше кажано дека му е одбиен влезот во земјата.

Официјален претставник на американската влада изјави дека на Артан му бил одбиен влезот поради неговите наводни „врски со осомничени членови на терористички организации“.

Артан, од своја страна, рече дека бил испрашуван од граничните службеници за негови врски со сомалиската милитантна група Ал-Шабаб и оти им кажал дека не знае ништо за организацијата.

По контроверзната одлука за забрана за влез во САД, Европската фудбалска унија (УЕФА) го назначи Артан за главен судија на овогодишниот европски Суперкуп меѓу ПСЖ и Астон Вила, кој е закажан за 12 август во Салцбург.

Можете да прочитате

Германија го декласираше дебитантот Курасао

Хамилтон ја освои ГН на Каталонија со прва победа во Ферари

Ограбена репрезентацијата на Англија во САД