Утрински Весник
Македонија

Масовна тепачка во Батинци: Шест лица учествувале во физичка пресметка

Policzija 1.jpg

Масовна физичка пресметка меѓу шест лица била пријавена вчера попладне во скопското село Батинци, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, на 11 јуни 2026 година, во 18:30 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Батинци.


Во инцидентот учествувале Б.Д. (38) и В.Д. (30), од една страна, и С.М. (27), Д.М. (33), Д.М. (38) и С.М. (44), од друга страна, при што дошло до физичка пресметка. Сите инволвирани лица се од Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно законските прописи.

Засега не се соопштуваат информации за причините што довеле до инцидентот, ниту дали некој од учесниците се здобил со повреди.

Можете да прочитате

Мојсоска: Преку казината власта го пере црниот кеш и затоа не смее да ги затвори коцкарниците

ДОМ: Под превезот на дигитализација се отвора пат за експрес одобрување на изградба на дата-центри! 

Пет лица уапсени за дрога во последните 24 часа