Утрински Весник
Свет

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави се обиделе да испорачаат оружје на иранскиот народ со цел да придонесат за соборување на режимот во Техеран, но дека нивните регионални сојузници, Курдите, „ги изневериле“ и го задржале оружјето за себе наместо да го дистрибуираат.

Трамп во интервју за Фокс њуз изјави дека САД испорачале оружје на Курдите, кои се регионални противници на Иран, но оти тие го задржале за сопствени потреби.


– Курдите нè изневерија. Но, ќе го запомнам тоа, Курди – изјави Трамп.

Тој додаде дека уште од почетокот бил против тој план бидејќи се сомневал дека Курдите ќе го задржат оружјето.

Масовните протести во Иран избувнаа кон крајот на 2025 година како демонстрации на трговци во Техеран и во други градови поради лошата економска состојба, а набргу прераснаа во пошироки протести и повици за смена на власта.

Протестите завршија во средината на јануари годинава, откако властите насилно ги задушија демонстрациите и воведоа целосна интернет-блокада.

Можете да прочитате

Трамп ги откажа планираните воени напади против Иран поради напредок во преговорите

Светска банка: Глобалниот раст ќе биде најслаб од почетокот на Ковид пандемијата

Полска воведува до пет години затвор за онлајн пренос на убиства и силувања