Утрински Весник
Спорт

Американецот Тар постави светски рекорд во 110 метри со пречки

Image 2026 06 11 183404286.png

Американскиот атлетичар Џакоби Тарп постави нов светски рекорд на 110 метри со пречки, истрчувајќи ја патеката за 12,75 секунди во квалификациите за Универзитетското првенство на САД, во Јуџин.

Резултатот на Тарп е за пет стотинки побрзо од претходниот рекорд, кој го држеше неговиот сонародник Ариес Мерит со 12,80 секунди од 2012 година.


„Чувствував дека трчам брзо, но кога го видов времето, останав без зборови“, рече Тарп, кој настапува за Универзитетот Обурн, а никогаш претходно во кариерата не истрчал под 13 секунди на 110 метри со пречки.

Рекордот на 20-годишниот Тарп сè уште не е потврден од Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (Светска атлетика).

Младиот Американец беше шести на 110 метри со пречки минатиот септември на Светското првенство во Токио.

Можете да прочитате

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на отворањето

Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Босна и Турција се селекциите што можат да направат сензација, смета Александар Таневски