Утрински Весник
Спорт

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на отворањето

20260611093448 big 730x400 20.webp.webp

Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град.

-Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и медицински единици, рече Васкез Камачо на прес-конференција. 


Мексиканските наставници штрајкуваа и се закануваат дека ќе ја нарушат церемонијата на отворање на Светското првенство во 2026 година. Масовни протести започнаа во Мексико еден ден пред почетокот на Светското првенство во 2026 година. Се преземаат зголемени безбедносни мерки поради тековните протести на работниците во образованието и другите социјални движења. Церемонијата на отворање и првиот натпревар на Светското првенство ќе се одржат во Мексико Сити вечер во 21 часот по македонско време.

Претседателката на Мексико Калудија Шајнбаум со декрет четврток – 11.јуни го прогласи за неработен ден и даде препораки сите што се во можност да работат онлајн. Таа им вети на навивачите и на ФИФА целосна безбедност и алтернативни патишта за пристигнување на натпреварите.

Припадниците на Мексиканската Национална гарда постојано го обезбедуваат стадионот во пограничниот град Тихуана, каде во изолиран камп тренира репрезентацијата на Иран.

Можете да прочитате

Американецот Тар постави светски рекорд во 110 метри со пречки

Почнува Светското фудбалско првенство 2026

Босна и Турција се селекциите што можат да направат сензација, смета Александар Таневски