Утрински Весник
Македонија

На Клиниката за урологија изведена операција асистирана од робот, прва во Македонија

Operacija.jpeg

Денеска во Македонија беше изведена првата робот-асистирана уролошка операција, кај пациент со карцином на простата.

Операцијата на Клиниката за урологија ја изведе тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист уролог.


Интервенцијата е изведена со примена на современ роботски хируршки систем EdGe Medical и минимално инвазивен пристап. Оваа технологија овозможува поголема прецизност и помала траума за пациентот.

При зафатот била применета Single Site метода, односно хируршки пристап преку еден единствен отвор. Овој пристап може да придонесе за намалена постоперативна болка, пократко закрепнување и побрзо враќање на пациентот во секојдневниот живот.

Од Клиничкиот центар посочуваат дека, според достапните информации, ова е прва операција од ваков тип во Македонија, а се наведува и дека станува збор за прва примена на ваква Single Site метода во Европа.

Воведувањето на роботскиот хируршки систем отвора можност за понатамошен развој на минимално инвазивната хирургија во државното здравство.

Покрај во урологијата, системот во иднина би можел да се користи и во гинекологијата, како и во други хируршки области.

Оваа интервенција се оценува како важен чекор за македонското јавно здравство, бидејќи покажува дека современи хируршки технологии може да се имплементираат и во домашните клиники.

Можете да прочитате

МВР: Од утре започнуваат обуки за управување на мотоцикл до 125cm³  во автошколи кои имаат лиценци за „А1″ категорија

Повторно се активира пожарот над штипската населба Кадидаре

Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта