
Европската централна банка денеска ја зголеми својата референтна каматна стапка од два на 2,25 отсто, што е прво зголемување од септември 2023 година, додека банката со седиште во Франкфурт го изложи својот одговор на економските последици од конфликтот во Иран, јави ДПА.
„Војната на Блискиот Исток генерира инфлациски притисоци“, соопшти банката, предупредувајќи дека „перспективите остануваат неизвесни“.
Се предвидува дека инфлацијата низ еврозоната годинава ќе се зголеми на три отсто, пред да се стабилизира на 2,3 отсто во 2027 година и да ја достигне целта на банката од два отсто во 2028 година, пренесе ДПА.
Каматната стапка за операциите за рефинансирање е зголемена за 25 процентни поени на 2,4 отсто, при што стапката за маргинално кредитирање се зголеми до 2,65 отсто, пренесе германската агенција.


