Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло

Czvetan tripunovski.png

„Доблесно ќе беше да излезете, по оние лаги и паники кои што ги ширевте во јавноста за наводно изгубените 130 милиони евра, а сега гледате дека Брисел го призна нашето добро работење во делот на сузбивање на корупцијата”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски обраќајќи се на опозицијата.

Во своето обраќање им посочи дека нивниот принцип на работа е ширење на паника и лага.


„Во делот на финансиските средства и субвенциите, погледнете ги извештаите од Министерството за финансии, ќе видете дека од преземањето на власта до денеска се исплатени над 13 милијарди денари. Прашувате кога ќе бидат исплатени субвенциите на тутунарите, гледајте како овие денови ќе се исплатат 34 милиони евра кон македонските тутунари”, додаде тој.

Министерот истакна – „Ние ги зголемивме субвенциите во делот на говедарството, во делот на сточарството. Имаме зголемување во реална бројка. Во делот на овчарството субвенцијата од 2.000 денари ja зголемивме на 3.000 денари по грло. И истите субвенции се исплатени”.

Можете да прочитате

Велешанец тешко повреден откако со мотор излетал од патот

Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработка

Жена вработена во училиште во Црешево починала на работно место