Утрински Весник
Скопје

Даниловски: Багателна распродажба во Аеродром, земјиште за 2.000 денари по квадрат, Николовски, Митевски, Ристовски, кој ја турка зделката?

Marko oo sdsm aerodrom.jpeg

Прес конференција на ОО СДСМ Аеродром, Марко Даниловски, советник

Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас,  режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски?


Општина Аеродром продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар квадратен. Земјиштето зафаќа површина од 23.000 метри и се наоѓа на атрактивна локација, непосредно до Хотел „Русија” и СЦ Јане Сандански.

На електронската аукција закажана за почетокот на следниот месец за почетните 2.000 денари по метар квадратен градежно земјиште се бара банкарска гаранција од приближно 2 милиони евра.

Земјиштето е со намена Д3 спорт и рекреација и компатибилни Б намени за комерцијални и деловни објекти предвидува градежна парцела од приземје и три ката со вкупна градежна површина од 80.000 метри квадратни.

Ова отвара цела една низа на прашања и потпрашања поврзани со намерите кои се кријат зад оваа продажба.

Јавно го прашуваме градоначалникот Дејан Митески:

Дали позади цела оваа зделка, стојат директно Министерот за Транспорт Александар Николовски и Министерот за Спорт Борко Ристовски?

Зошто за земјиште што вреди багателни почетни 2.000 денари по метар квадратен или вкупно 47 милиони денари се бара банкарска гаранција од 2 милиони евра?

За кого е наменето ова земјиште?

Ќе никне ли уште еден уште еден спортски комерцијално деловен објект веднаш до Хотел Русија?

Кога конечно ќе се престане со бетонизацијата на урбаното јадро на општината?

Граѓаните бараат одговори и итно прекинување на распродажбата на градежно земјиште по багателни цени.

ВМРО-ОКГ во Аеродром доби доверба за домаќинско и одговорно управување со општината, а не за распродажба на државниот имот по багателни цени.

Можете да прочитате

Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци

Герасимовски: Осум нови практиканти започнаа платена пракса во Општина Центар со месечен надоместок од 15.000 денари