Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Vreme7.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, грмежи и засилен, повремено силен ветер од северозападен правец кој наместа повремено ќе достигнува брзина од 60 километри на час. Температурата во петок ќе опадне за неколку степени. За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.

Можете да прочитате

Постапка против 39-годишен маж од Черкези, во пораки преку социјални мрежи му се заканувал на Мицкоски

Производителите на пиперки денеска го блокираат патот Прилеп – Битола

Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата