Утрински Весник
Македонија

Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка 

54.jpg

Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството.

На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на дискусијата, голем број експерти, професори, судии и адвокати ја истакнаа важноста на предложените решенија и позитивно го оценија Предлог-законот како значаен исчекор кон поефикасен и помодерен систем на граѓанска правда.


Предлог-законот носи современи решенија насочени кон модернизација на судските постапки, поголема ефикасност на судовите и зајакнување на правната сигурност на граѓаните.

– Поефикасно и поквалитетно водење на судските постапки
– Поголема улога на судот во утврдувањето на фактичката состојба
– Целосна дигитализација преку електронска достава и можност за одржување расправи по електронски пат
– Забрзување на постапките во споровите од мала вредност
– Попропорционални и пофер глоби во постапките
– Воведување претставнички тужби за заштита на колективните интереси и права

Предложените решенија се усогласени со повеќе системски закони и претставуваат важен чекор кон создавање модерен, функционален и ефикасен правосуден систем.

Министерството за правда останува посветено на инклузивен и транспарентен реформски процес, во кој стручната дебата и придонесот на експертската јавност се од суштинско значење за донесување квалитетни законски решенија.

Можете да прочитате

Богоев со гаранција од 55.000 евра е пуштен од притвор

Пет пријави за семејно насилство во последните 24 часа

Апелација потврди една година затвор за Стевчо Јакимовски