Утрински Весник
Македонија

Изложба на 30 уметници во Македонскиот културен центар во Тирана 

Slika 1.jpg

На 5 јуни, 2026 година, во Македонскиот културен центар во Тирана беше отворена значајна изложба со која се одбележаа 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци.

На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија , Албанија , Косово , Бугарија , Србија ,Грција , Англија и Турција .
Куратор на изложбата и организатор на уметничката колонија во Кавадарци е истакнатиот македонски уметник Владимир Темков. По повод овој значаен јубилеј, тој истакна дека во рамките на Ликовната колонија досега учествувале повеќе од 500 уметници од Европа , нагласувајќи ја нејзината важност како уметничка платформа за комуникација, соработка и творечки развој.

Со своето присуство, посебна чест ни направи и уметницата од Македонија Радица Лелова Докузовска, која е дел од оваа изложба со своја слика. Меѓу посетителите на изложбата имаше и уметници од Албанија, Италија, Белгија, САД и Украина, кои изразија желба да учествуваат на следното издание на колонијата во Кавадарци.

Токму во тој контекст, Македонскиот културен центар во Тирана продолжува да ја остварува својата мисија за промоција на македонската култура и отворање нови можности за контакти, соработка и обединување на уметниците од регионот и пошироко.

Изложбата ќе биде отворена за посетители во текот на месец јуни.

Можете да прочитате

Промоција на „Исповед за акварелот“ – три децении акварелно творештво на Снежана Илиева

Жена нелегално наплаќа влез на локалитетот „Куклите“ тврди жител на Кратово

Приведен косовски државјанин, превезувал брендирана стока без документација