Утрински Весник
Македонија

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник

20260605150900 big 730x400 13.webp.webp

Министерството за образование и наука со поддршка од Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја унапредува примената на Е-дневникот, соопштија денеска од оваа институција.

Во рамки на соработката развиено е напредно софтверско решение во форма на четбот, базирано на RAG (Retrieval-Augmented Generation) архитектура, кое е интегрирано во Е-дневникот и овозможува интелигентно пребарување и генерирање прецизни одговори на сите прашања на корисниците на е-дневникот.


Всушност, како што е појаснето од МОН четботот обезбедува поефикасна и побрза обработка и структурирање на документација, со што, креира сеопфатна база на знаење за користење на системот Е-дневник на македонски и албански јазик, а тоа овозможува лесен пристап до релевантни информации и поддршка за корисниците.

Системот е успешно имплементиран и хостиран на безбедна облак-платформа, со применети механизми за заштита и контрола на содржината. Воедно, воспоставен е систем за мониторинг и оптимизација кој овозможува следење на перформансите и анализа на користењето

Можете да прочитате

Филипче со конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Измена на Правилникот за боледување – зајакнати контроли и намалување на боледувањето од 7 на 5 дена

Герила акција на Партизанска: Поставена чекална –симбол на корупцијата во здравството