Утрински Весник
Македонија

Четири лица украле маси и столови од угостителски објект во Куманово

Restoran kvin tuzla1 5.jpg

Четири лица, од кои едниот малолетник, извршиле кражба во угостителски објект во Куманово.

Вчера полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово.

Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови.

Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол