Утрински Весник
Македонија

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани

Nasilstvo.webp.webp

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5% во споредба со истиот месец од претходната година. Најголем дел од кривичните дела се „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела, додека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. Најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период се проијавени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје – 62.

Во текот на минатиот месец Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3% во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка поднесени се вкупно 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800%.


Во мај 2026 година регистрирани се вкупно 19 прекршоци, најчесто за „физички напад“ и „карање и викање“, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?