Утрински Весник
Економија

СДСМ: Нова манипулација на Мицкоски за БДП – со инфлација од 5,7% животниот стандард на граѓаните се намалува

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Мицкоски прави уште една манипулација, уште една лага во економијата, зборува за раст на БДП во првиот квартал за 3,1%, но истовремено инфлацијата достигна 5,7%. 


Тоа во реалноста значи дека цените растат побрзо од економијата и дека граѓаните реално осиромашуваат.

Кога со истата плата можете да купите помалку храна, помалку месо, помалку овошје и помалку основни производи, тогаш нема економски успех, туку намален животен стандард.

Владата слави проценти, а граѓаните бројат се помалку денари во својот џеб, едвај врзвуваат крај со крај.

Храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8%, инфлацијата во Македонија е речиси двојно повисока од онаа во еврозоната каде е околу 3%, странските инвестиции бележат пад за 60%, а јавниот долг со новите задолжувања се приближува до 11,1 милијарди евра.

Раст кој се храни од инфлација не е развој. Раст кој се потпира на долгови не е успех.

Вистински напредок има само кога граѓаните можат да купат повеќе со својата плата, кога животот станува подостоинствен и кога семејствата чувствуваат подобар стандард.

Лагите на Мицкоски се распаѓаат кога граѓаните ќе ги видат своите празни  паричници, празни фрижидери и кога на каса во маркет не можат да ја наполнат кошицата.

Затоа ни е потребна ЕУ, за подобар животен стандард на граѓаните. Бидејќи не е исто кога си изолиран и кога си дел од група држави што спроведуваат заеднички економски политики и мерки, со кои им помагаат на сите граѓани на Европа.

Можете да прочитате

МФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс – обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство

Николоски: Огромен развој на ависообраќајот, по рекордниот број на авиолинии и бројот на патници, Визер поставува 7- ми авион во базата во Скопје 

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот