Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени.


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. 

Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени.

Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се констатира недоволен напредок во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Ова е директна потврда дека Владата на Мицкоски не спроведува реформи. 

Наместо независни институции, сведочиме на политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и обиди за партиска контрола врз институциите.

Извештајот на Вајц дополнително предупредува и на странско непријателско влијание и кампањи за дезинформации кои ја поткопуваат демократијата. 

Тоа е уште една потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и евроскептицизмот не се случајни, туку дел од организирана кампања по примерот на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО-СНС.

Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, вистинската цел е да се задржи државата во изолација и да се спречи европската интеграција.

Лажниот патриотизам служи само како параван за неспособноста, корупцијата и отсуството на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија е заглавена со кримимална група на власт.

Денес е кристално јасно: со Христијан Мицкоски и ВМРО нема Европа, нема реформи и нема подобар животен стандард.

Дури и во последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз се Копенхашките критериуми.  Значи без реформи и исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во уставот нема продолжување на преговорите со ЕУ. Уште една потврда на тоа што го говори СДСМ.

Затоа, реформи сега. Европа сега.

Можете да прочитате

Професор во средно училиште во Кичево натепал ученичка

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините

Маж и жена прегазени на дивиот премин кај Бит Пазар