Утрински Весник
Економија

Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Izvoz uvoz.webp.webp

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 2.782,3 милиони евра и бележи пораст од 6,9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 3.950,2 милиони евра, што е зголемување од 5,9 % во споредба со 2025 година – објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – април 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 50,4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,3 % во вкупната размена. 

Можете да прочитате

МФ: По комисиската расправа Владата го усвои дополнетиот Ребаланс – обезбедени средства и за поддршка на земјоделките и жртвите на семејно и родово насилство

Николоски: Огромен развој на ависообраќајот, по рекордниот број на авиолинии и бројот на патници, Визер поставува 7- ми авион во базата во Скопје 

ИСОС ја продлабочува соработката со професионалните организации во регионот