Утрински Весник
Македонија

„Безбеден град“ регистрираше 28.494 прекршоци за еден месец – најмногу за брзо возење

Img 6423.jpeg

Во текот на мај 2026 година, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 28.494 сообраќајни прекршоци на подрачјата на градовите и долж патните коридори каде што се поставени камери за автоматски надзор.

Според официјалните податоци, најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Само во текот на мај биле евидентирани дури 27.360 случаи на управување на возило со брзина поголема од дозволената, што претставува повеќе од 96 проценти од сите регистрирани прекршоци.


Покрај брзото возење, системот детектирал и 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола, како и 301 прекршок за минување на затворен сигнал, односно на црвено светло.

Во споредба со претходниот месец, забележано е намалување на бројот на прекршоци за управување на нерегистрирани возила за 7,9 проценти, што укажува на подобрено почитување на законските обврски од страна на возачите.

Во текот на месецот биле изречени и вкупно 781 мерка забрана за управување со моторно возило. Од нив, 295 се однесуваат на возачи кои поминале на црвено светло, додека 486 мерки се изречени поради брзо возење.

Од прекршителите кои добиле забрана за управување, 347 управувале со брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 86 возеле со брзина поголема од 100 километри на час над ограничувањето на возилото, а 83 биле затекнати како се движат со брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место.

Надлежните институции повторно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на ризикот од сообраќајни несреќи.

Можете да прочитате

Објавени имињата на компаниите со лажни млечни производи во Македонија

Фетаи поднесе оставка откако со месеци не се појавил на работа

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство