Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Уште само 4 дена остануваат до 1 јуни – рокот на Христијан Мицкоски за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда.


4 дена до уште едно неисполнето ветување.

4 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија.

Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно.

Сега, за еден месец требаше да се завршат осум.

Тоа не се реформи, тоа се лаги.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни.

Не сака ЕУ, бидејќи европските реформи носат право и правда. 

Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство.

Затоа не сака да ги внесе малцинствата во Уставот, кое е европско прашање, основно за поместување од мртва точка.

Затоа што тоа би значело правда и крај на неговата криминална заштита.

Наместо продолжување на европски пат, тој нè води во изолација.

Наместо реформи – нови лаги.

Уште 4 дена се доволни за да се види вистината:

Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола и без одговорност.

Граѓаните веќе не веруваат во празни ветувања.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево

Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски