Утрински Весник
Скопје

Меџити: Од ветување до реалност – се отвори спортскиот базен во Чаир

4e84a668 b40f 40c7 8709 7ba4bdea0570.jpeg

Денеска беше официјално отворен спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали” во Топанско Поле, инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе им е ставена на располагање на граѓаните на Општина Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека овој проект долги години бил едно од најголемите барања на граѓаните и дека денес добива конкретна форма како значајна инвестиција за спортот, младите и заедницата.


„Ветување по ветување, ги реализираме. Секој проект што сме го ветиле влегува во фаза на реализација и овој спортски базен е конкретен доказ дека работата и посветеноста даваат резултати. Чаир заслужува инвестиции што остануваат и им служат на младите генерации”, изјави Меџити.

Спортскиот базен ќе создаде подобри услови за развој на спортот, рекреацијата и спортските активности за учениците, младите и граѓаните од оваа населба.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски тргнува по сите скопски општини и ќе ги решава проблемите на лице место!

КСОМ укажува на проблеми со кои се соочуваат вработени во ЈСП

Јакимовски го прозва Лукровски: На боледување е, а шета низ бутици