Утрински Весник
Свет

Багај ги спореди односите меѓу Иран и САД со конфликтите меѓу Рим и Персија

Iran zname.webp.webp

Во екот на преговорите за меморандум за разбирање меѓу Иран и САД, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, го спомена неуспехот на Римската Империја да извојува победа над Персија.

Во објава на својот профил на социјалната мрежа Икс, Багај потврди дека Иран и САД се приближиле кон финализирање на меморандумот за разбирање „со цел да се стави крај на неиспровоцираната американска агресија против Исламската Република Иран“, да се запре, како што наведе, „нелегалната американска поморска блокада“ и да се обезбеди ослободување на замрзнатите ирански средства, пренесе иранската државна телевизија Прес ТВ.


„Во свеста на Римјаните, Рим бил неспорен центар на светот. Сепак, Иранците ја урнале таа илузија. Кога Марко Јулиј Филип – Филип Арапинот – тргнал кон исток против Персија, таа воена кампања не резултирала со римска победа, туку завршила со мир воспоставен под сасанидски услови. Римскиот цар морал да прифати договор“ – напиша Багај на Икс.

Можете да прочитате

Најмалку 11 лица загинаа во израелски напад врз Либан

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради руските напади

Трамп изјави дека им рекол на своите преговарачи „да не брзаат со договор“ со Иран