Утрински Весник
Свет

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие

1744390802 tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник.

Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен прекин на иранската нуклеарна програма и трансфер на збогатениот ирански ураниум надвор од територијата на Иран. Трамп нагласил пред Нетанјаху дека нема да потпише никаков конечен договор доколку во него не фигурираат овие услови, изјавил изворот.


За време на разговорот, Нетанјаху изјавил дека неговата земја ќе ја задржи „слободата на делување против заканите на сите фронтови, вклучително и во Либан, а Трамп ја потврдил својата поддршка за овој принцип“, според истиот извор.

Нетанјаху „уште еднаш ја изразил својата благодарност до Трамп за неговата долгогодишна и исклучителна посветеност на безбедноста на Израел“, рекол изворот.

САД и Иран се стремат да финализираат договор за траен прекин на војната на Блискиот Исток, но иранските и американските медиуми претходно јавија дека нуклеарната тема ќе биде одложена за подоцнежна фаза.

Можете да прочитате

Трамп изјави дека им рекол на своите преговарачи „да не брзаат со договор“ со Иран

Извештај на Стејт департментот: Ерата на „изградба на држави“ на Балканот е завршена

Пожарникари провалиле во станот на полскиот претседател поради лажна дојава