Утрински Весник
Македонија

Уапсен косовски водич во автобус, се обидел да поткупи полицаец

Lisen od sloboda vodic vo avtobus kosovski drzavjanin poradi storeno krivicno delo davanje potkup image.jpg

Денеска (24.05.2026) во 06:30 часот на подрачје на СВР Куманово-ОВР К.Паланка од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција, сопрен е автобус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки.

Од извршената контрола констатирано е дека автобусот е управуван од страна на Х.У. државјанин на Р.Турција. Од страна на Н.Ц. косовски државјанин кој бил во улога на водич во автобусот била приложена патна исправа за идентификација во која имало банкнота од 50 евра.


Н.Ц. е лишен од слобода по член 358 став 1 од Кривичниот законик „давање поткуп“ и е спроведен во Полициска станица Крива Паланка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Институциите дејствуваат, започна борбата против брзите кредити и коцкањето!

ДУИ: Од луксуз во Маврово до билборди во центарот на Скопје: Кој ги рекламира апартманите на Недим Рама?

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја