Утрински Весник
Македонија

Велосипедист удрен од автомобил во центарот на Скопјe

Velosiped 1.jpg

На 23.05.2026 во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(51) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(65) од Скопје.

Во несреќата велосипедистот П.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват