Утрински Весник
Свет

Русија ја нападна Украина со „Орешник“

Oreshnik 1.jpg

Руската армија извршила масовен ракетен напад врз Украина во текот на ноќта. Според досегашните информации, во нападот е употребена балистичката ракета со среден дострел РС-26 „Рубеж“, позната и како „Орешник“. Еден од нападите е регистриран во поширокото подрачје на Била Церква во регионот Киев.

Информацијата за употребата на ракетата ја потврди Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили. Според него, ракетата е испалена од воениот полигон Капустин Јар во Русија.


Доколку се потврди, ова ќе биде трета регистрирана употреба на ова оружје од страна на руските сили против Украина. Русија првпат ја употреби ракетата „Орешник“ во напад врз Днепар на 21 ноември 2024 година. Вториот таков напад е регистриран во регионот Лавов на 9 јануари 2026 година.

Што е Орешник?

„Орешник“ е балистичка ракета со среден дострел, способна за екстремно големи брзини и маневрирање во последната фаза од летот, што го отежнува нејзиното пресретнување. Според западните воени аналитичари на кои се повикуваат „Ројтерс“ и „Би-Би-Си“, тоа е оружје што Русија го користи и за воено одвраќање и за политички притисок.

Рускиот претседател Владимир Путин и високи руски функционери редовно го споменуваат Орешник во јавни настапи во последните месеци, истакнувајќи го како дел од „новата генерација“ руско стратешко оружје.

Можете да прочитате

Канадскиот премиер: Русија ќе ја загуби војната

Зеленски: Русија лансираше околу 90 ракети и 600 дронови

Пукање во близина на Белата куќа, напаѓачот ликвидиран