Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Седум дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат.

7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски.

7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина.

Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само мал дел и тоа делумно а останува и клучното: уставни измени за внесување на малцинствата. 

Без измени на Уставот и внесување на малцинствата, што е прашања на ЕУ, нема продолжување на ЕУ интеграциите, нема помрднување од мртва точка. 

Без тоа нема отворање на следната фаза од преговорите. Значи нема ништо.

Самиот Мицкоски тврдеше дека има апсолутно мнозинство, самиот ја укина Техничката влада без консензус.

Сега нека ги заврши реформите што ги вети, нека ги исполни обврските до 1 јуни, нека ги внесе малцинствата во Уставот.

Или јавно нека признае дека не сака членство во ЕУ затоа што се плаши од европско обвинителство, од независно правосудство и од одговорност.

Можете да прочитате

Усвоена Младинска Декларација на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!

Синот на Пендаровски добитник на признание за најдобар студент на ФЕИТ

Груби уште не е повикан на распит во Обвинителството