Утрински Весник
Магазин

„Спејс икс“ оди на берза: чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот

20240103145656 big 730x400 13.webp.webp

Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции.

Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница што покажува колку е навистина богата технолошката индустрија.

Се очекува првичната јавна понуда на „Спејс икс“ да предизвика голем интерес кај инвеститорите поради претходните резултати на компанијата во вселенската индустрија и во сателитскиот интернет.

Иако нема официјални информации за тоа кога ќе се одржи првичната јавна понуда, се говори дека тоа би можело да се случи веќе следниот месец. Според Ен-би-си (NBC), ова би можело да биде најголемата првична јавна понуда досега, иако тоа ќе се знае дури по официјалното објавување. Имено, во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност на САД, која го регулира пазарот на капитал, не беше наведено колку пари компанијата планира да собере преку првичната јавна понуда.

Најголемата првична јавна понуда досега беше онаа на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во 2020 година кога заработката достигна 29,4 милијарди долари.

Некои аналитичари веруваат дека оваа првична јавна понуда на „Спејс икс“ е само пазарен тест за Маск, кој нема најдобар јавен углед во последните години. Блиските односи со сегашниот претседател Доналд Трамп и „Операцијата ДОГЕ“ (DOGE) го чинеа губење на популарноста и кај граѓаните и кај инвеститорите. Сепак, иако „Тесла“ во овој миг минува низ тежок период, таа сепак има јадро од верни обожаватели, кои се подготвени да вложат пари во производите и во акциите на компанијата. 

Можете да прочитате

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него

Третина јапонски компании користат или размислуваат за воведување на ВИ роботи

„Балкан експлорер“ – луксузен воз што ги воодушеви Европа и Балканот