Утрински Весник
Македонија

Работна средба на министерот Муцунски со амбасадорот на ЕУ и амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Photo 2026 05 20 14 51 00 3.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија.

На средбата, министерот Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, беше презентиран и напредокот во изработката на Акцискиот план за почитување на правата на заедниците, како и тековните активности во рамки на Реформската агенда и останатите обврски од европскиот интегративен процес.


Посебно беше нагласена и континуираната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и поддршката за Украина, како јасен показател за стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беа разменети мислења за реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата, со акцент на потребата од негово забрзување.

Во таа насока, беше истакната важноста од засилена регионална соработка, искористување на концептот на постепена интеграција, размена на искуства и континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Средбата е дел од редовниот дијалог со претставниците на земјите членки на Европската Унија, насочен кон отворена размена на мислења и координација околу прашањата поврзани со европската интеграција на државата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Најпрво техничка вода, a потоа вода за пиење во Гостивар, одговорните ќе сносат последици

Мицкоски до Собранието го предложи Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Кривична за 62 годишник од струмичко поради силување на малолетничка