Утрински Весник
Спорт

Гвардиола му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата во Премиер лигата

20260520074708 big 730x400 61.webp.webp

Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата по синоќешното реми 1:1 со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига.

– Беше тежок натпревар, го знаевме тоа. Ни недостасуваше малку енергија, и тоа е нормално. Тие имаа 12 дена за подготовка, а ние имавме три. Постигнавме гол, но беше предоцна. Моите фудбалери дадоа максимум цела сезона, борејќи се во тешки услови до самиот крај. Бевме блиску до победа. Во име на Манчестер сити, им честитаме на Арсенал, Микел Артета и на целиот тренерски штаб за заслужениот трофеј во Премиер лигата. Тој вложи многу труд и напорна работа. Честитки, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.

Педесет и петгодишниот Шпанец има тековен договор со Сити до 2027 година. Сепак, тој одлучи да го напушти тимот на лето. Ќе биде заменет од Италијанецот Енцо Мареска, поранешен играч на Челзи.

На едно коло до крајот на сезоната 2025/26 на англиската Премиер лига, Манчестер сити е втор со 78 бода, додека лидерот Арсенал има 82 бода.

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката