Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на секоја полициска интервенција

Toskovski zrtvata mora da bide vo centarot na sekoja policiska intervencija image 1.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ги посети полициските службеници кои посетуваат обука спроведена од Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи и УНФПА, во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство – Фаза 3“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Станува збор за еден од осумте циклуси на обуки за „Почетна едукација на професионалците за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство и мулти-секторски одговор“, низ кои ќе поминат вкупно 200 полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи, односно водичи на безбедносен реон, сменоводители и инспектори надлежни за постапување по пријави за родово базирано и семејно насилство.


Обуките се насочени кон јакнење на капацитетите и компетенциите на полициските службеници за навремено, професионално и сензитивно постапување во случаи на родово базирано и семејно насилство, со посебен акцент на заштитата и поддршката на жртвите.

„Секој полициски службеник кој постапува по вакви случаи мора да биде подготвен професионално, одговорно и со емпатија да обезбеди заштита и поддршка за жртвите. Нашата цел е жртвата секогаш да биде во центарот на институционалниот одговор“, истакна министерот Тошковски.

Министерот упати благодарност до УНФПА и Британската амбасада во Скопје за континуираната поддршка во јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на полицискиот одговор во справувањето со родово базираното и семејното насилство.

Можете да прочитате

Савески од Сараево: Организираниот криминал не познава граници, мора да одговориме заеднички

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може да го крене БДП  

ДУИ: Почитувањето на Законот за јазиците не е прашање на добра волја, туку уставна и законска обврска