Утрински Весник
Македонија

Левица: Штедење врз грбот на студентите: Власта ги крати стипендиите за социјалните категории и за одличните 

Levica Logo Crveno Transparent.png

Соопштение за јавност на Левица:

Додека декларативно се колне во младите и ветува европски стандарди, ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка, турка измени во Законот за студентскиот стандард со кои директно удира по џебот на студентите и ги намалува стипендиите за нивните достигнувања.


Огромен удар е насочен кон студентите од социјално загрозените семејства. Власта одлучува да го намали процентот на стипендии наменети за социјалните категории од досегашните 49% на само 40%. Во финасиите што имаат намера да ги скратат се вклучени и студентите со попреченост и со ретки болести, што значи дека буџетот за социјално ранливите студенти е дополнително узурпиран.

ДПМНЕ ги казнува и оние кои деноноќно учат. Стипендиите за студенти со особен успех во учењето се кратат од 30% на 25%.

Наместо досегашните прецизни квоти (20% за природно-математичките, техничките и медицинските науки и 1% за дефицитарниот наставен кадар), власта сега воведува категорија од 35% за „студиски програми од стратешки интерес”, оставајќи огромен простор за дискрециони одлуки и политички пазарења за тоа кој сектор е „стратешки”, а кој не.

Исто така се врши директна дискриминација на студенти во реконструирани и нереконструирани домови. При целосна реконструкција заради подобрување на нивната енергетска ефикасност и структурниот интегритет, во државните студентски домови нема да се сместуваат студенти. Во такви услови студентскиот дом за студентите кои се сместени во домот може да организира привремено сместување во друг објект, што значи и не мора. Со други зборови, за подобар стандард, студентите ќе мора да плаќаат повеќе од свој џеб, иако обврска на државата е да обезбеди достоинствени и енергетски ефикасни објекти за сите.

Конкурсите, пак, наместо транспарентно, ќе се објавуваат само на веб-страницата на Министерството.
Овие измени се класичен доказ за погрешните приоритети на оваа власт. Кратењето на социјалните и успешните стипендии, зголемувањето на трошоците за престој во реновирани домови и негрижата за сместување при реконструкција јасно покажуваат дека за власта студентскиот стандард е само трошок кој треба да се скрати, а не инвестиција во иднината на земјата.

Можете да прочитате

СДСМ: Форумот на жени против омразата и навредите на Миленко и Тасевски, највуваме и пријави

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“

ВМРО-ДПМНЕ За да дојде на власт Филипче е спремен да го прифати секое барање на Бугарија