Утрински Весник
Спорт

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство

20260517082015 big 730x400 21.webp.webp

Машката македонска ракометна репрезентација вечерва во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш бараж дуелот против Словачка. Македонскиот тим е пред пласман на уште едно големо натпреварување особено што на првиот дуел во Прешов пред три дена го совлада ривалот со 31:24.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа одличен натпревар на теренот на противникот и ја потврдија фаворитската улога, но сега имаат обврска добрата игра да ја повторат и на домашен терен пред домашната публика.


За македонскиот национален тим досега има девет учества на Светските првенства, првото во 1999 година во Египет, потоа 2009 година во Хрватска и од 2013 до 2025 седум во низа.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот, а ќе го судат судиите од Полска Бартож Лезински и Марцин Пиехота.

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија