Утрински Весник
Македонија

МЕТАОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме ја зафаќа Македонија

Meteoalarm.mk 5 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на денешниот ден сабота 16 мај 2026 територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност која е со центар над Џенова.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време (над 30 литри на метар квадратен) силен ветер (над 70 км/час) силни електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во Скопје  и околината во текот на денешниот ден сабота 16 мај 2026 времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град.

Токму поради ваквата ситуација денес сабота 16 мај 2026 целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта  и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд, силниот ветер и поради очекуваното невреме. Апелирам во случај на појава на силно невреме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се престојува на отворен простор  и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер автомобилите да се заштитат, односно да не се ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

Инаку температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Можете да прочитате

СДСМ: 15 дена до неисполнување на реформската агенда и ветувањата на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бришеше „македонски“, Филипче сака да ја впише придавката „северномакедонски“

Холанѓанец приведен во Центар: Пријавен дека шетал со пиштол и правел инциденти