Утрински Весник
Македонија

Тошковски: МВР ќе постапи во согласност со надлежностите за случајот со бараните македонски државјани од ФБИ

Image 2026 05 15 151026632.png

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека МВР ќе постапи согласно своите надлежности доколку бидат преземени потребните процесни чекори во врска со информациите на ФБИ дека двајца македонски државјани се бараат во САД за измама и кражба на идентитет, а се наоѓаат во земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со главниот извршен директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, Тошковски рече дека засега не може да сподели повеќе детали за случајот.


– Во овој момент не можам да споделам повеќе детали од она што излезе во рамки на медиумите. Во секој случај ние ќе постапиме согласно нашата надлежност доколку се преземат потребните процесни чекори кои што треба да се преземат од страна на државата која што ја напоменавте и од страна на сите останати органи. Така што во делот на МВР, она што е наша надлежност секако дека ќе постапиме онака како што треба да постапиме – рече Тошковски.

Можете да прочитате

Приведен скопјанец, уценувал 61-годишник со компромитирачки материјали за 8.000 евра

Филков: Оптимизацијата на судската мрежа е клучна за поефикасно правосудство и поголема правна сигурност

Поригорозни законски правила за управување електричен тротинет и мотор, најави Тошковски