Утрински Весник
Македонија

Митева ги откри деталите за концертот на David Guetta во Скопје – билетите ќе чинат само 35 денари

Img 4102.jpeg

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска ги откри првите детали за долгонајавуваниот концерт на светската музичка ѕвезда David Guetta во Скопје, кој ќе се одржи на 8 септември по повод 35 години независност на Македонија.

Според најавите, спектаклот „The Monolith Show“ ќе се одржи во Арена Тодор Проески и ќе претставува едно од најголемите музички и аудио-визуелни случувања организирани во земјава.


Најголемо внимание привлече цената на билетите – само 35 денари, симболично поврзана со 35-годишнината од независноста.

Митева истакна дека ќе има и строги правила за купување, со цел да се спречи препродавање на билетите. Од еден профил ќе може да се обезбедат максимум две влезници.

„Веруваме дека на овој начин ќе го ограничиме препродавањето и злоупотребите“, порача Митева.

Организатор на настанот е Авалон Продукција, а се очекува концертот да привлече публика од цел регион.

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут