Утрински Весник
Македонија

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

20260514123404 big 730x400 14.webp.webp

Во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од European Policy Institute – Skopje (EPI) и Министерството за европски прашања, се дискутираше за досегашниот напредок во спроведувањето на Реформската агенда, како и за конкретните ефекти што овие реформи ги носат за граѓаните и институциите во Северна Македонија.

Состанокот беше реализиран во рамки на регионалниот проект „Monitoring Reforms and Growth in the Western Balkans“, а на него учествуваа претставници на институции, граѓански организации, академската заедница, меѓународни партнери и експерти од различни области.


Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали ја истакна важноста на Реформската агенда како клучен инструмент за институционална трансформација и унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија. Тој нагласи дека Северна Македонија беше првата држава во регионот што ја финализираше Реформската агенда и ги потпиша договорите во рамки на Reform and Growth Facility, исполнувајќи ги условите за исплата на предфинансирањето.

Беше истакнато дека досега фокусот бил главно на исполнување на чекорите и обврските, додека сега е време да се зборува и за конкретните ефекти и придобивки што реформите ги носат за граѓаните и институциите.

Во рамки на агендата на настанот се одржаа тематски дискусии за енергетската транзиција и дигиталната трансформација, развојот на приватниот сектор и деловното опкружување, човечкиот капитал, како и владеењето на правото и доброто управување.

Исто така, за време на состанокот беа презентирани наодите од пилот-мониторингот на Реформската агенда и беше дискутиран напредокот во спроведувањето на реформите во тековниот период. Беше реафирмирана посветеноста за продолжување на реформите и унапредување на процесот на европска интеграција, со порака дека европскиот пат бара резултати, одговорност и долгорочна визија.

Можете да прочитате

Едно мислат, друго зборуваат, трето прават

По пад од електричен тротинет тинејџери завршија во болница

12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник